Сервисирањето се врши исклучиво со оригинални резервни делови


Сервис надвор од гарантниот рок


10-годишното искуство во областа на сервисирањето на BOSCH рачен електричен алат, ја докажува професионалноста и квалитетот во нашето работење.

По доставувањето на електричниот алат на сервис, се врши соодветна дијагностика со која се одредува видот и големината на оштетувањето при што ќе бидете веднаш информирани за истата. Како овластен сервис на BOSCH во Македонија, наша обврска е да го вратиме алатот кој што е примен на сервис, во совршено функционална и безбедна состојба. Сервисирањето се врши исклучиво со оригинални резервни делови. По секоја поправка се врши безбедносно тестирање, со цел да се обезбеди сигурност при работата.

Доколку поседувате BOSCH професионален ( син ) рачен електричен алат, или зелен алат BOSCH за лична – “поправи сам” ( аматерска ) употреба и притоа забележите дефект кај истиот, се препорачува алатот да се сервисира исклучиво во BOSCH овластениот сервис, се со цел да се избегнат понатамошни несакани дефекти. Неквалитетниот и непрофесионалниот сервис и сервисирање со неоригинални резервни делови придонесува до некомпатибилност на деловите и понатамошно оштетување на алатот. Тоа води до губење на квалитетот и намалување на капацитетот на алатот во извршувањето на зададените задачи.

Контакт

Адреса:Сава Ковачевиќ 47Њ број 3, Скопје (позади салата Расадник)


e-mail:
dimce.dimcev@servis-bosch.mk


Тел.: +389 2 2 46 76 10
Моб.: + 389 70 595 888


Работно време: 08.00 - 16.00

На врв на страна
Почетна страна

Д.Д.Електрис ДООЕЛ,Сава Ковачевиќ 47Њ број 3, Скопје (позади салата Расадник), Тел.: +389 2 2 46 76 10, Моб.: + 389 70 595 888


© Овластен Сервис Bosch Македонија